Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта
Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
25.05.2025 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа