Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 години од раѓањето на Јане Сандански

 


Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Граѓани се собрале во паркот со неговото име, а в.д. градоначалникот на општината, Дејан Митески, со општински претставници и други делегации, положиле цвеќе пред споменикот на Сандански.

Во рамките на програмата биле доделени плакети, признанија и благодарници.

- Признанија и благодарници добија и вработените во Општина Аеродром, кои неуморно работат на создавање уште подобри услови за аеродромци цели 20 години, а доказ за тоа дека светот останува на младите, беа и најмладите добитници, кои уште од најрана возраст нижат успеси во различни области. Аеродром денеска уште еднаш покажа дека има со што да се гордее. Сите ние можеме да бидеме сигурни дека како и досега, така и во иднина ќе бидеме општина од каде излегуваат огромен број таленти што достојно нѐ претставуваат во светот, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

18.05.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега