Две недели дожд а потоа лето - какво време не чека до крајот на мај
Доста променливо време не чека до крајот на мај што е и одлика за овој период на пролетта.
До крајот на оваа недела ќе имаме повреемени врнежи во текот на денешниот, утрешниот ден и во пресрет на викендот. Температурите ќе се движат околу 7 степени наутроа во пооблачните утра ќе имаме околу 11 степени.
Наредната недела веќе ќе се почувствува растот на температурите. Утринските постојано ќе бидат двоцифрени а дневните ќе одат и до 27 степени во појужните делови.
И наредната недела ќе имаме променливо време. Се очекува дожд во неколку дена од таа недела но врнежите би требало да бидат локални и краткотрајни а некаде и во форма на невреме.
Последната недела од мај се очекува да донесе стабилизација на времето. Се најавува сончево време со повремено наоблачување но дожд не се најавува.
Температурите во некои места од Македонија веќе ќе достигнуваат и 30 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа