Мицкоски: На Таравари нека му е со среќа во прегратките на Али Ахмети
На Таравари нека му е со среќа но изненаден сум што му се врати на Ахмети во прегратки. Премиерот Мицкоски очекува средба со актуелниот министер за здравство со која и ќе стават крај на неговиот мандат.
„Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која што ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред сè добро здравје. Тоа е она кое што на сите нас ни е најважно.
Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на Малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијансата за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа Влада.
Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ја влече владата за нос и граѓаните. Но ете, полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние коишто повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена.“ – порача Мицкоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа