Опасно свлечиште на патот во Галичник - жителите апелираат за помош

 

Оштетување од свлекување на земјиште на коловозот на патот кој минува низ селото Галичник сериозно го загрозува безбедното движење на жителите, посетителите и туристите, информираат од месната заедница. Оттаму апелираат за побрза реакција на надлежните служби.

Претседателот на месната заедница Огнен Караѓозовски посочи дека за проблемот ги известиле ЦУК и МВР и апелира до надлежните институции за итна интервенција и санација на патот.

Тој напомена дека Галичник, како културно наследство од национално значење и симбол на традицијата и историјата на Македонија, не може да си дозволи ваков прекин, особено во пресрет на летната сезона кога се очекуваат зголемен број гости и културни настани.

Оштетување од свлекување на земјиште на коловозот на патот кој минува низ селото Галичник сериозно го загрозува безбедното движење на жителите, посетителите и туристите, информираат од месната заедница. Оттаму апелираат за побрза реакција на надлежните служби.

28.04.2025 - 18:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега