Љубчо Георгиевски: Вмровската влада уште искрено не се заблагодари на Бугарија
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и напиша дека три настани му оставиле впечаток за Велики Петок.
- На Велик Петок три настани ми оставија впечаток:
-Во некое бугарско село учениците собрале 2.500 евра помош за жртвите од Кочани.
- Вмровската влада уште искрено не се ни заблогадари за помошта од Бугарија веќе стартира со нов бран антибугарска кампајна.Сега прв пат го читаат францускиот предлог и сфатиле дека покрај "Бугари у Устав" треба да нема и говор на омраза и отварајне на архивите на Удба.А тоа се тешки идентитетски удари за нас.
-Македонската држава го одбележи "Валандовскиот покољ" Кога бугарите од Вмро со селските чети составени од локално население ги поразија србските ослободители.
Македонскиот идентитетски мазохизам кога станува збор за србите е неверојатен !!! Ама станува комичен кога србите Вмро ги нарекуваат бугари а дури и населението бугарско, напиша тој.
22.04.2025 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа