Ватикан: Првата јавна молитва за папата вечерва на плоштадот Свети Петар
Првата јавна молитва за папата Франциск, кој почина денеска на 89-годишна возраст, ќе се одржи вечерва на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.
Молитвата ќе се одржи во 19:30 часот по локално време.
Молитвата, на која се очекуваат илјадници верници, ќе ја предводи италијанскиот кардинал Мауро Гамбети, соопшти прес-службата на Светата Столица.
21.04.2025 - 16:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа