ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да ни кажат како до златна виза во Дубаи?
Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи?, прашуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмена реакција испратена до медиумите.
„Веќе подолг временски период, Филипче, Заев и СДС, молчат и не одговараат на нашите прашања поврзани со Дубаи.
Дали молкот е потврда, ги прашуваме јавно СДС? Дали Заев гради згради во Дубаи кои се над 50 ката? Од каде му се тие пари на Заев?
Во контекст на ова, се поставува и прашањето, дали Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа и е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот на неговиот ментор Заев?
Дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи? На кои начин ги стекнале и од каде им се парите? Дали Филипче и Заев ќе ги демантираат нашите сомнежи?
Филипче, Заев и СДС, ниту демантираат ниту реагираат на нашите прашања.
Откако години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, сега тие пари ги вложуваат во приватни бизниси. Додека глумеа дека ја спасуваа Македонија, тие се спасувале самите себеси и нивните милиони.
СДС, Заев и Филипче, се синоним за криминал, неспособност и предавства“, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа