Никола Јолески едногласно избран за в.д. Основен јавен обвинител во ОЈО Струга
Советот на јавни обвинители на денешната седница едноглано го избра Никола Јолески за в.д. Основен јавен обвинител во ОЈО Струга.
Како што информираше претседателката на Советот, Душица Димитриеска, заклучно со 24 овој месец на Стојанчо Арнаудовски му истекува мандатот како в.д. основен јавен обвинител во ОЈО Струга, а поради отсуство на дел од членовите на Советот и немање кворум за избор, ќе се избере вршител на должност.
Јавниот обвинител Стојанчо Арнаудовски, со одлука на Советот, се враќа во ОЈО Охрид.
Советот, исто така, едногласно донесе одлука за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО Кичево.
Под точка разно, Советот на денешната седница, донесе одлука Зориза Павловиќ да биде номинирана за член на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа