Бред Пит се бори со болест која јавноста не ја разбира

 


Бред Пит признал дека се срами затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот.

Иако можеби мислите дека животот на славна личност како него е исполнет само со убави моменти, 61-годишниот актер тврди дека се бори со ретка состојба, која јавноста не ја разбира целосно.

Актерот изјавил дека му ја отежнало дружбата со луѓето поради начинот на кој тие реагираат кога тој не ги препознава.

Пит претходно откри дека справувањето со нарушување наречено прозопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.

Наједноставно кажано, прозопагнозијата е слепило за лица. Поединците со оваа состојба не може да разликуваат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на нивната фризура, глас, држење или облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на прозопагнозија луѓето не го препознаваат сопственото лице во огледалото.

Досегашните истражувања не покажуваат ветувачки наоди во врска со третманот на прозопагнозијата со тренинг за препознавање лице, но еден начин да им се помогне на овие лица е да се укаже на можноста за користење други карактеристики, како висина, градба, облека, накит или глас, за да се препознаат луѓето со кои се среќаваат и да се практикува оваа стратегија.

Бред Пит рекол дека луѓето не веруваат оти тој боледува од ова нарушување, што му го отежнува животот. Во интервју за Esquire тој изјави: „Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознаам лица“.

Тој исто така призна дека не добил официјална дијагноза, но експертите рекоа дека ги покажува некои од знаците. Зборувајќи во 2013 година, Пит дури и призна дека се обидел со поактивен пристап една година, при што едноставно ги прашувал луѓето каде се сретнале, но тоа не поминало баш најдобро.

„Во еден момент решив отворено да ги прашам каде се запознавме. Но, тоа само се влоши. Луѓето беа уште повеќе навредени“, рече тој. Тој исто така се пожали дека не сака да остави негативен впечаток или да создаде репутација дека е самобендисан или резервиран и дека, едноставно, сака да биде подобро разбран во јавноста.

17.04.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега