Трагедија: Фудбалер почина по пад од 11 кат

 

Напаѓачот на Габон, Арон Бупенџа, почина во Кина по пад од зграда од 11. кат, објави „Fanatik“.

Смртта на играчот ја потврди тренерот на букурешки Рапид, Мариус Шумудица.

Полицијата разгледува неколку верзии за тоа што се случило, меѓу кои и проверка на информации за кавга меѓу фудбалерот и неговиот брат, кој во тој момент бил во станот.

Бупенџа играше за Жеџјанг Професионал и договорот му беше со важност до декември 2026. Претходно играше за Рапид Букурешт, Синсинати, Ал Шабаб, Ал Араби и Хатајспор.

За габонската репрезентација Бупенџа одигра 35 натпревари од 2016 до 2023 година и постигна осум гола.

16.04.2025 - 19:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега