Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

 

Министерството за надворешни работи на Иран го поддржа мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, постигнат со посредство на САД, со кој двете земји ставаат крај на повеќе од 30-годишниот конфликт.

Техеран, како што е наведено во соопштението на министерството, „го поздрави финализирањето на текстот на мировниот договор меѓу двете земји“ во Вашингтон, а потоа изрази загриженост за негативните последици од можна странска интервенција во близина на заедничките граници.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, вчера потпишаа мировен договор во Белата куќа, со кој заврши 30-годишниот конфликт меѓу двете земји, а нивни домаќин беше американскиот претседател Доналд Трамп.

Двете земји се согласија за отворање на главниот транзитен коридор наречен „Трампова рута за меѓународен мир и просперитет“, објави Белата куќа. Тоа наводно ќе ги поврзува Азербејџан и неговиот автономен регион Нахчиван, на барање на Баку.

09.08.2025 - 15:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега