Мицкоски: Реконструкција на Влада ќе нема
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, рече дека реконструкција на Влада пред локалните избори ќе нема, и зборуваше за односите со коалицискиот партнер ВРЕДИ.
На новинарско прашање дали ќе има реконструкција на Владата, Мицкоски кратко одговори: „Не“.
Потоа кажа дека односите со коалицискиот партнер се одлични.
„Имаме одлични коалициски односи со ВРЕДИ“, рече Мицкоски.
Тој му ја честиташе победата на Венко Филипче за претседател на СДСМ.
07.04.2025 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа