Меџити: Таравари е тој кој треба да расчисти со дилемите
Односите во коалицијата се добри, комуницираме, но сите треба да знаат дека коалицијата Вреди е антипод на ДУИ и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ова го изјави Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, дел од Вреди, на прашањето за настапот на коалицијата на претстојните локални избори.
- Деновиве разговараме за обединување на коалициските партнери во Вреди во една политичка партија која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Единствен кој има дилеми за тоа и размислува за можна соработка со ДУИ, е Таравари и за тоа треба него да го прашате. Ние сметаме дека таа соработка би била неприродна. Коалицијата беше формирана за да ги победиме ДУИ. На локалните избори планираме да настапиме со заеднички листи, заеднички кандидати, заедничка програма и платформа, а ако треба некаде ќе поддржиме и независен кандидат. Нема смисла секој сам да оди на локалните избори. Сите политички аргументи кажуваат дека треба да се оди со заеднички листи на Вреди, со еден кандидат, една листа, една програма вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа