Снегот направи проблеми низ Македонија - АМСМ информира каде се укината забраните

 

Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на повеќе патни правци низ државата кои вчера беа воведени поради врнежите од снег. 

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.

Укинати се забраните на патните правци Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. 

07.04.2025 - 10:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега