Муцунски во посета на повредените во Белград

 

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска беше во Белград, каде што се лекуваат најголем број од македонските граѓани испратени на лекување во странство.
На одвоените средби со претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевић и со министерот за надворешни работи Марко Ђурић изразив искрена и длабока благодарност за приемот на македонските пациенти, силната поддршка и високото ниво на медицинска грижа што ја обезбедуваат српските здравствени институции, истакна Муцунски.
„Заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, ги посетивме болниците каде што се лекуваат повредените пациенти и добивме детални информации за нивната здравствена состојба.
Македонската влада обезбедува сместување за семејствата на македонските пациенти во странство, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва остануваат на целосно располагање за секоја потребна помош и поддршка“, посочи Муцунски.

19.03.2025 - 15:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега