Вучевиќ повеќе не е премиер , започнува рок за нова влада
Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за чесното извршување на должноста додека ја извршуваше функцијата премиер.
Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на нова влада, наведувајќи дека е за таа опција, а не за избори.
Toj во изјава за ТВ Пинк рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.
– Нема да има преодна влада…Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада – изјави Вучевиќ, нагласувајќи дека опозицијата подготвува „радикализација“ во обид да постигне преодна влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа