УХМР најавува минусни температури низ цела Македонија
Времето утре наутро ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Следните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа