Подгответе се за летно сметање на времето: Ќе се стемнува после 19:30
Врз основа на Законот за пресметување на времето, летното сметање на времето во 2025 година започнува во последната недела од месецот, на 30 март во 02:00 часот, со поместување на времето за еден час нанапред во 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Ова значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.
На повеќето уреди, ова дејство ќе се изврши автоматски, но за секој случај, треба двапати да проверите дали часовникот е поместен.
Летното сметање на времето ќе трае до последниот викенд во октомври, поточно до недела, 26 октомври 2025 година, кога во 03:00 часот часовниците ќе бидат вратени еден час назад на 02:00 часот.
Официјално, тогаш ќе започне зимското сметање на времето
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа