Кузеска го обвини Андоновски: Сопругот на државниот секретар во Министерството добивал тендери

 

СДСМ обвинува за испумпување државни пари во Министерството за дигитална трансформација со кое раководи Стефан Андоновски. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска на прес-конференција обвини дека тендери од Министерството добивала фирма на сопругот на државниот секретар во министерството, Гордана Клинчарови.

-Тендери добива фирмата на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров. Еве ги фактите: Ова се два договори помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштво за производство, трговија, промет и услуги Матео Дизајн ДООЕЛ, увоз - извоз Скопје застапувани од управителот Мартин Клинчаров, сопруг на Гордана Клинчарова. Ова е јавно достапен документ кој го потврдува овој факт. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2 милиони и 400 илјади денари или околу 40.000 евра. И вториот договор за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари, рече Кузеска.

Според неа, само од овие два тендери околу 50.000 евра завршиле во фирмата на сопругот на државниот секретар во истото Министерство.

-Ова е еклатантен пример за конфликт на интереси и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција. Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали и тој бил соучесник? Бидејќи неговото име и потпис стои на документите како потписник, рече Кузеска. 

Во меѓувреме, Андоновски за во 11 часот закажа прес-конференција на која се очекува да одговори на обвинувањата на Кузеска. 

10.03.2025 - 12:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега