Температурите растат - Какви вести ни носи УХМР?
Во Македонија денеска ќе имаме вистинска пролет. Според УХМР, времето во земјава ќе биде наутро ведро и постудено, а преку денот сончево и топло со мала локална облачност, со ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.
И во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец со температури до 20 степени.
06.03.2025 - 07:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа