Тошковски најави масовна внатрешна прераспределба во МВР: Недостасуваат полицајци, превработеност на комотните позиции

 

 

Недостасуваат полицајци за на терен, а на комотните работните позиции има превработеност. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави внатрешна прераспределба на кадарот. Процес кој веќе е почнат во Скопје, но ќе се случи во целата држава, а следен град за ова внатрешно преструктурирање ќе биде Тетово. 

-Не само во СВР Тетово во делот на оние позиции во рамки на МВР кадешто навистина има многу тешка работа, макотрпна работа, работа којашто  треба да е човек на терен, треба да го загрози својот живот за да може македонските граѓани да живеат безбедно и сигурно, таму секогаш ни фалат полицајци, ни фалат полициски службеници, ни фалат вработени. Оној другиот дел, комотниот дел, кадешто не се изложени на дожд, на ветер, не се изложени на улица, да го загрозат својот живот сѐ со цел да македонските граѓани бидат безбедни и сигурни, е таму имаме вишок вработени. Во иднина, како што се преземаат оперативни планови и активирање на сите оние, да речам, недоволно употребени вработени во МВР, рече Тошковски.

Најави дека по Скопје прераспределба ќе се прави во Тетово. Тоа ќе се направи во рамки на оперативен план.

-Ќе видите, времето ќе покаже. За кратко, за едно две недели отсега ќе видите разлика со впоредба со претходно, рече Тошковски.  

Вели во МВР се подготвува нов Закон за Министерство за внатрешни работи, нов Закон за полиција и нова систематизација.

-Којашто ќе овозможи максимално рационално трошење на парите на граѓаните. Односно, да овозможиме навистина полициските службеници да бидат видливи на терен, а за да бидат видливи на терен, треба да ги има на терен. А за да ги има на терен треба да има сѐ помалце спијачи во Министерствата, а многу повеќе работници. И многу добро му е познато на секој еден македонски граѓанин дека, во изминатиот период, еве да не бидам политички некоректен, не само во последните шест-седум години, туку многу подолг временски период, онаа познатата „клати врата-земај плата“ и тек како била применувана во рамки на МВР. Е заради тоа да не е така, сега правиме длабинска анализи, суштински измени на законсксите пропици, коишто веќе се комуницирани со нашите меѓународни пријатели. Комуницирани се со сите оние општествени чинители коишто можат да дадат додадена вредност и треба да имаат увид во рамки на законската легислатива и отпочнуваме со конкретени измени, системски, структурални, коишто на еден среден временски период за година - година и пол отсега, а на долг рок и тек како ќе дадат видливи резултати, рече Тошковски. 

01.03.2025 - 14:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега