Го убедила сопругот да си го продаде бубрегот- му ги земала парите и избегала со љубовникот
Неименуван маж од индиската држава Западен Бенгал наводно ги загубил сопругата и бубрегот за само неколку дена.
Медиумите јавуваат дека жената го „убедила сопругот“ да го продаде бубрегот за околу 11.000 евра, под изговор дека обезбедува пари за школување и брак на нивната ќерка.
Наводно сопругот се согласил, а една година подоцна нашол „купувач“.
Верувајќи дека ќе го извлече семејството од сиромаштија, ја прифатил понудата да го продаде својот бубрег, но не бил свесен за скриените намери на неговата сопруга, пренесува Hindustan Times.
Се тврди дека веќе ја испланирала својата иднина, но со љубовник кого го запознала на Фејсбук.
Двајцата, според пишувањата на медиумите, побегнале заедно со добиените пари, по што сопругот поднел пријава во полиција. Тој ги следел жената и нејзиниот љубовник кои се населиле во блискиот град Баракпур.
Тој дошол кај нив во придружба на семејството и 10-годишната ќерка, надевајќи се на помирување. Сепак, сопругата не сакала да ја отвори вратата и рекла дека сака развод.
Медиумите не откриле како завршила бизарната приказна, но истакнале дека продажбата на човечки органи е нелегална во Индија од 1994 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа