Марија Митева: Судските реформи не се притисок - тоа е наша должност

 

 

Загубен е млад живот. Многупати сум зборувалa за итната потреба од реформи во правосудството, за опасностите од системот што им овозможува на повторените престапници да одат на слобода. И секој пат, го слушаме истиот изговор: „Тоа е неуставно“, „Тоа е притисок на владата врз судството“.
Дали е неуставно барањето одговорност?
Дали е закана барањето законите да се применуваат еднакво за сите граѓани?
Не! Вистинската закана е судството кое не постапува во јавен интерес.
Оваа трагедија не е само за еден случај - тоа е за секој случај каде правдата била одложена или негирана. Им должиме на Фросина, на нејзиното семејство и на секој граѓанин да се погрижиме тоа да не се повтори.
Судските реформи не се притисок - тоа е наша должност!, напиша на социјалните мрежи портпаролката на Владата, Марија Митева. 

31.01.2025 - 15:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега