ГАЛЕРИЈА: Фала му на Бога, ме спаси задното седиште - Докторка го покажа хоророт во Србија
Тргнав на работа и фала му на Бога што останав жива и здрава. Ова на Фејсбук го напиша докторка од Србија која се нашла во автобусот во Србија во кој загинаа две лица, а 58 се повредени, по страшната несреќа која се случи на 27. Јануари кај Умка, во близина на Белград.
- Сударот се случи во 6 часот, јас тргнав на работа и фала му на Бога што останав жива и здрава. За среќа, секогаш седам во задниот дел на автобусот, напиша Живанка Лазаревиќ на социјалната мрежа Фејсбук.
Таа додава дека има мала повреда на носот, но ништо страшно во споредба со тоа што можело да се случи.
- Чувајте се и пазете се, многу сум среќна што сум жива, малку размислуваме какви се последици може да има кога тргнуваме некаде. Му благодарам на Свети Сава што сум жива, напиша таа.
Инаку, во несреќата при судирот на двата автобуси полни патници загинаа две лица.
Загина 29-годишниот Урош Хрнјиќ. Несреќното младо момче, кое е една од двете жртви на тешката несреќа, било вработено во термоелектраната "Никола Тесла".
Втората жртва е 46-годишната В.И. која според српските медиуми работела во Министерството за транспорт, а со автобус патувала 15 години на работа.
Сударот на двата автобуси се случил околу 6 часот и 20 минути на 27. Јануари, на Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Остружница.
Основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека му одредило притвор на возачот на автобусот на „Шевиќ турс“, Г. З., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешко дело против безбедноста на јавниот превоз.
____________________________________________________________________________