Хорор во училиште во Словачка: Ученик уби двајца соученици, професор е тешко повреден
Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка кога ученик нападнал со нож, јави денеска телевизијата ТА3.
Агенцијата ТАСР јави дека нападот се случил во Спишка Стара Вес.
Напаѓачот е 18-годишен студент кој е уапсен. Двајца ученици загинаа, а ранетиот професор е во критична состојба, според медиумот.
Вкупниот број на повредени се уште не е познат, додаде ТА3.
16.01.2025 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа