Пукање во Прилеп, полицијата привела шест лица
Вчера во 22.00 часот од ул. „Борка Утот" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело насилство.
Имено, според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу 20.30 минути пред продажен објект на ул.„Борка Талески" во Прилеп, при што било употребено и огнено оружје и бил испукан куршум во воздух.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
16.01.2025 - 16:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа