(ФОТО) Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

 


И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници, посочи Мицкоски.

„Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.

Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги „испере“, истакна премиерот.


16.01.2025 - 13:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега