Излетал со комбе и удрил во заштитна ограда: Загина маж од Крива Паланка

 

Вчера во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда.

После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и  е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

24.05.2025 - 15:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега