Илире Даути си поднесе оставка - тензии во Собранието
Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, денеска поднесе оставка до Собранието.
Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците беше изгласана интерпелација како претседателка на Комисијата за социјална политика.
Иако бараше 15 минути на говорница за да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не ѝ дозволи.
По ова настана расправија меѓу пратениците.
- Сега го утврдуваме дневниот ред и на следната седница која е закажана за 21 јануари ќе имате време да дадете образложение. Ако сакате да го кршите Деловникот, во ред. Јас ви укажувам дека е спротивно со Деловникот, рече Гаши.
Даути настојуваше да и се дадат 15 минути за да ја образложи оставката.
- Не можеш да ме држиш на сила господине Африм Гаши. Научете да го почитувате Деловникот, законите и постапките. Бездруго денеска ќе се слушне мојот глас и моето образложување за лошиот акт кој Вие го направиле. Срам да ви е! Баравте мое разрешување, а тоа разрешување само што настана. Вие на сила не можете тука да ме држите. Затоа сакам да го искористам моето право и да ја образложам. Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка, рече Даути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа