ДУИ: Секогаш кога не обвинуваат за криминал им зимаат по некое право на Албанците
Секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ бо координација со Олигархијата вришти “ДУИ е криминална”, тоа е јасен сигнал - нова прекршување на правата на Албанците се спрема! - се вели во соопштението на ДУИ
Ова е нивната стара шема: секогаш кога се загрозуваат правата на Албанците, секогаш кога се обидуваат да сокријат етничка неправда, тие ја користат истата тактика - неосновани обвинувања за криминал, за да го одвлечат вниманието од нивните вистински постапки.
Како што е добро познато на јавноста, договорот помеѓу нив и олигархијата е: за да се потчинат Албанците, потребно е политички да се ослаби ДУИ и да се регрутираат “Чесни Албанци”.
Да биде јасно: ова не е битка против корупцијата, туку обид за зачувување на политичката доминација и за одржување на Албанците во потчинета позиција.
Но, граѓаните не можат да бидат измамени - тие знаат дека секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ и нивната Олигархија вришти “криминал”, всушност се обидуваат да прикријат етничка неправда.
ДУИ нема да дозволи Албанците да бидат жртви на оваа стара стратегија.
Ќе ги браниме нашите права и нема да дозволиме никој да ја користи пропагандата за да оправда дискриминација. - велат од ДУИ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа