Меган Маркл е опседната со Кејт Мидлтон: И кажа дека има пилешки мозок
Меган Маркл се најде на мета на коментари кога го откри своето ново хоби, бидејќи беше обвинета дека повторно ја копира Кејт Мидлтон.
Откако Меган Маркл го напушти Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Хари во 2020 година, се појавија шпекулации за нејзината нарушена врска со Кејт Мидлтон.
Принцот Хари пишуваше за нивните аргументи и несогласувања во своите мемоари. Тој ја сподели и ситуацијата кога Кејт заборавила одредени планови за свадбата на Хари и Меган, на што војвотката од Сасекс рече дека Кејт има „пилешки мозок“.
Идната кралица и замери поради тоа, а Хари во книгата напиша дека таа и Вилијам ја презирале Меган. Меѓутоа, сега изгледа дека Меган и Кејт имаат некои слични хобија.
Во својата нова серија „Со љубов, Меган“, војвотката од Сасекс ја откри својата страст за пчеларството, според Yahoo Entertainment.
Познато е дека Чарлс и Камила, како и принцезата од Велс, се занимаваат со ова хоби. Имено, Кејт во својата селска куќа чува кошница, а на настан во Природонаучниот музеј во 2021 година се појавила со тегла од сопствениот мед.
Меган откри дека наскоро ќе лансира мармалад како дел од нејзиниот претстоен бренд за домашни производи, „American Riviera Orchard“. Додека некои се воодушевени од оваа вест, други веруваат дека ова е уште еден обид на Меган да ја копира идната кралица.
Се погласни се гласините за потенцијален бојкот на серијата од страна на нејзините гледачи, бидејќи таа претходно изјави дека сака луѓето да ја почитуваат нејзината приватност. На социјалните мрежи ја нарекуваат лицемерна токму поради ваквиот став.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа