Алармантен квалитет на воздухот во повеќе градови во Македонија
Изминува уште еден ден во кој воздухот кои го дишат граѓаните во земјава е токсичен и опасен по нивото здравје.
Како што покажуваат податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, загаден воздух вечерва дишат жителите на Скопје, Куманово, Кавадарци и Битола.
Ситуацијата е најлоша на мерната станица во Лисиче, каде што податоците покажуваат 203 микограми на метар кубен ПМ10 честички, по што следува мерната станица Битола 2 со 188. Во Кавадарци мерните станици покажуваат 169 микограми на метар кубен ПМ2,5 честички, додека во Куманово ПМ2,5 честичките се 125.
Помала загаденост, но се уште опасна за здравјето се забележува и во Кичево, Гостивар, Тетово и Велес.
Специјализираната страница за следење на квалитетот на воздухот во светски рамки, IQAir го рангира Скопје на 15. место со најзагаден воздух вечерва со индекс 151, што го става градот во категоријата „нездрав за чувствителни групи“.
Овој индекс укажува дека лицата со респираторни и срцеви проблеми, постарите, децата и бремените жени треба да избегнуваат подолг престој на отворено. Препорачливо е користење на заштитни маски, особено во најзагадените делови од градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа