(ВИДЕО) Божиќ со снежна бура во Хрватска: 48 лица едвај спасиле жива глава
Ноќта од Бадник кон Божиќ, пожарникарите во Хрватска извршија напорна спасувачка акција при тешки временски услови, во снег и снежна бура, во областа Кељево Брдо, при што беа спасени 48 лица.
Лицата била извлечени од снежни наноси и според службите, се работелно во исклучително тешки услови.
„Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници. 11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место“ велат пожарникарите од Плитвички Езера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа