Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

 

Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што, доколку успее, би било рекордна близина досега забележана, објави денеска „Гардијан“.

Тимот изгубил контакт со сондата и не се очекува дека ќе ги добие податоците за мисијата до петок, но податоците кои ги прими НАСА комплексот во Канбера пред четири дена укажуваат дека се функционира како што се очекувало.

„Ниту еден објект кој човекот го направил никогаш досега не поминал толку блиску до ѕвездата, така што „Паркер“ навистина ќе (испраќа) податоци од непознатата територија“, рече Ник Пинкин, менаџер на мисијата на сондата во Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Мериленд.

24.12.2024 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега