ДУИ сакале Пошта да ја претворат во Кабаре
Претходното раководство на Пошта сакала од стариот објект кој изгоре во пожар да го претвори во кабаре.
Оваа информација денеска ја објави министерот за транспорт, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај на Државниот завод за ревизија.
Вели дека претходното раководство сакало тотално да го уништи претпријатието.
-Сакам да споделам уште една информација којашто не е позната на јавноста. Знаете дека централниот објект на пошта, за жал, настрада во пожар. Јас заедно со министерот за култура, со поддршка од Европската делегација, формиравме работно тело кое интензивно работи тоа да стане мултимедијален музејски центар. Планот на претходното раководство било да го издаде за ресторан со кабаре.
Николоски побара од ДЗР, но и од ОЈО да го испитаат и работењето на Агенција на пошти, бидејќи според него, лиценци добивале доставувачи кои работат во подрум.
Ревизорскиот извештај вчера пристигнал во Републичкото обвинителство и е доделен на јавен обвинител. Тој, согласно наодите од извештајот, потоа предметот се очекува да му го додели на Обвинителството под чија надлежност евентуалните злоупотреби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа