Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите

 

Пред почетокот на откупот на тутунот, ресорниот министер Цветан Трипуновски очекува „фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите“.

Одговарајќи на новинарски прашања изјави дека е во комуникација со сите откупувачи на тутун кои се регистрирани во Министерството и дека се прават финални подготовки за стартот на откупот на 15 ноември.

-Очекувам дека ќе имаме богат род и квалитетен тутун како и во минатото.  Можеби ќе биде со намалена количина, не како во претходните години, меѓутоа очекувам да има фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите. Ние како Министерство ќе го следиме процесот и сите евентуални проблеми кои би настанале, а не верувам дека ќе има, ќе ги санираме на самиот почеток, рече Трипуновски кој денеска ја отовори манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

02.11.2024 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега