Обвинител изврши увид во домот на убиената штипјанка: Нејзиниот партнер е во полиција

 

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.

Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

За потсетување, вчера убиената 29 годишна Емилија П. од Штип трагично го заврши животот од нејзиниот сопруг, повратник од затвор.
„На 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.
Емилија во брак со убиецот Ф.З. (25) од Штип била осум години, а врската за целиот период им била турбулентна. Тој немал постојана работа и често имал активности од другата страна на Законот. Во последниот период таа живеела заедно со нејзиното дете кај родителите, каде и е убиена.
02.11.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега