Силно сојузништво: Муцунски и Агелер разговараа за актуелните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.
Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.
На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа