ВИДЕО: Инциденти пред Собранието во Нови Сад, повредени 5 полицајци и една демонстрантка

 

Инциденти на протестите пред Собранието на Нови Сад каде денеска Жарко Миќин беше избран за нов градоначалник, откако претходно беше констатирана оставката на Милан Ѓуриќ.

Уште од утринските часови, зградата на Собранието ја обезбедуваа силни полициски единици и припадници на Жандармеријата. Дел од опозициските советници и демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но беа спречени. Демонстрантите фрлаа камења, јајца, јогурт, боја и други предмети врз полицијата, при што, според Министерството за внатрешни работи, беа повредени пет полицајци.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека и полицијата гаѓа со одредени предмети кон демонстрантите при што како што е објавено една девојка била повредена во окото.

 

24.02.2025 - 18:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега