Албанија доби прва министерка создадена со вештачка интелигенција – Диела влегува во владата на Рама

 

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го претстави најновото и досега невидено членство во неговиот владин кабинет – „Диела“, првата министерка создадена со вештачка интелигенција.

Според премиерот, Диела ќе има задача да ги надгледува јавните набавки и да го подобри функционирањето на државните институции преку дигитални канали, без физичко присуство или географски ограничувања.

„Првпат во историјата на Албанија имаме министер кој е целосно дигитален. Диела ќе ни помогне да бидеме побрзи, поефикасни и потранспарентни,“ изјави Рама за време на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.

Тој додаде дека ова е дел од поширока стратегија за дигитализација на администрацијата и за воведување на иновации во управувањето со државата:

„Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диела е доказ дека гледаме напред.“

 

 

Иновативниот потег на владата веќе предизвика интерес и реакции во регионот и пошироко, отворајќи дебата за можностите, но и етичките и правните предизвици од користењето на вештачка интелигенција во јавната администрација.

11.09.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега