Не запираат скандалите: Нови сомнителни трансфери во општина Струмица
Со програмата Г1 за поддршка на локалниот економски развој и В2 програмата за социјална заштита за 2012 година, на име трансфер до НВО, биле исплатени средства како финансиска поддршка од Општина Струмица за реализација на проекти.
Станува збор за здружението Евро-Визија Струмица, основано 2007 година, каде како овластено лице се наоѓа Ацо Манински, асистент на пратениците од СДСМ, Цветанка Иванова и Панче Орцев. Средства од општинската каса се префрлиле на сметката на здружението Евро-Визија за проектот „Изложба на карневалски фотографии, карневалски слики – Струмица 2012“.
Скандалот во Општина Струмица зафаќа загрижувачки и сериозни димензии. Овие документи се само дел од десетиците досега објавени сомнителни трансфери со милионски суми на пари на граѓаните на сметка на невладини организации директно поврзани со СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа