Детектор: Близу 90% од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество – го движи политиката
Близу 90% од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество.Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него 89,1% од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот на омраза додека само 6% не детектирале ваква појава.
Третина од граѓаните сметаат дека говорот на омраза бил поттикнат од политички убедувања, 20,5% сметаат дека го поттикнала етничката припадност. 10,5% детектирале говор на омраза поради физичкиот изглед, 7,5% поради религиски убедувања и 5,5% поради возраста.
Близу две третини од граѓаните или 64,2% сметаат дека денеска има повеќе говор на омраза отколку пред 5 години. 12,6% забележале помалку говор на омраза денеска отколку пред 5 години додека 18,7% не регистрирале никаква промена.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа