ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Активни пожари од вчерашните во државата, нема.
-Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа