Дибиров по девет години си замина од Вардар
Вардар остана без рускиот ракометар Тимур Дибиров, кој се пресели во хрватскиот гигант ППД Загреб.
Десното крило потпиша едногодишен договор со ППД Загреб, каде што ќе игра со поранешните вардарци, Вук Борозан и Иван Чупиќ.
„Среќен сум што доаѓам во Загреб, кој има богата историја и традиција. Очекувам големи работи и добри резултати“, кажа Дибиров.
Дибиров си замина од Вардар по девет години поминати во црвено-црниот дрес.
18.07.2022 - 15:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа