Стоилов: Нè чека невозможна мисија во Веспрем, но ќе дадеме сè од себе

 

Вардар запиша убедлив пораз од 22-30 од Веспрем во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а капитенот на екипата Стојанче Стоилов кажа дека сè уште постојат шанси за пласман во следното коло.

Македонскиот тим го чека пекол во Веспрем, а за тоа свесен е и Стоилов, кој кажа дека мисијата ќе биде невозможна, но не се откажуваат.

„Честитки до Веспрем. Тие беа фаворити и ја завршија својата работа. Нè очекува невозможна мисија, но ќе дадеме сè од себе и се надеваме на изненадување во Унгарија“, вели Стоилов.

31.03.2022 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега