Дебакл на Вардар: Веспрем ги потопи „црвено-црните“
Поранешниот европски и македонски шампион Вардар го загуби првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) од Веспрем со 22-30.
Вардар имаше блескави моменти на мечот и водство од четири голови во првото полувреме (9-5), кое сепак му припадна на гостинскиот состав со 15-11.
Македонскиот тим не ги искористи своите шанси во нападот, а тоа знаеше како да го искористи Веспрем кој на крајот запиша убедлива победа од 30-22.
„Црвено-црните“ ќе имаат пеколна задача да го поминат ова коло во ЛШ затоа што нивниот голем ривал си оди од СЦ „Јане Сандански“ со осум голови предност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа