Ако затворените улици за прославата за Денот на независноста не беа доволни - утре ќе има два протести

Од МВР за утре, среда, 8 септември, најавуваат изменет сообраќаен режим во Скопје поради два закажани протеста.
Како што информираат од ресорното Министерство, првиот настан е мото-пешачки протестен марш од скопски саем кон зградата на Владата.
„За таа цел, од 10.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај: булеварот Гоце Делчев на потегот од улицата Беласица кон булицата Илинден и булеварот Илинден на потегот од булеварот Гоце Делчев до булеварот Климент Охридски“, се наведува во соопштението.
Вториот протест е најавен со почеток од 13.30 часот и треба да почне од плоштадот Скендербег за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ.
„За таа цел, од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварот Гоце Делчев, булеварот Илинден и булеварот Климент Охридски“, посочуваат од МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








