ФОТО: Дуа Липа повторно мета на критики- „Овој фустан го носеше дете од 7 години“
Англиската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира во фустан кој веќе сме го виделе пред две години, а истиот го носела Норт Вест, ќерката на Ким и Каније на нејзиниот седми роденден.
26-годишната пејачка е позната ширум светот по своите хитови, но таа беше и на мета на критики во јавноста по своите бројни националистички изјави.
Овојпат не станува збор за таква осуда - станува збор за модната комбинација која за првпат ја гледаме на неа, но веќе ја носел некој друг, и тоа не било кој туку осумгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт Вест.
Дуа Липа на својот Инстаграм профил споделила низа фотографии со анимал принт, поточно кравји дезен, а тоа е идентичниот фустан кој пред една година го носеше Норт Вест на славењето на својот седми роденден
View this post on Instagram
Овој фустан во стил на каубојка е дело на дизајнерот Мовалол Огунлеси, односно од неговиот бренд „Movalola“.
Единствената разлика меѓу фустаните на Дуа и Норт е тоа што на фустанот на Норт на предната страна има патент, додека пак тој на Дуа Липа има копчиња и гол грб.
Таа тоа го комбинирала со чанта од истиот бренд и кожни чизми кои на продажба можат да се најдат по цена од 756 долари.
Интересно, очигледно дека Липа е голем љубител на модните избори на семејството Кардашијан, па во јули била забележана како носи идентично бикини како Кортни Кардашијан.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа