Се огласија од ресторанот Рагуза: Нема жртви, ниту повредени во пожарот - причинета е голема материјална штета

 

Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени, информираа од ресторанот за свадби Рагуза.

„Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба. Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена“, стои во нивната објава.

08.08.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега